• недела, 22 декември 2024

Стефковски: Гази Баба ќе субвенционира 100 проценти за стерилизација на домашни миленици

Стефковски: Гази Баба ќе субвенционира 100 проценти за стерилизација на домашни миленици

Скопје, 5 ноември 2024 (МИА) - Општина Гази Баба започна со реализација на нова мерка за граѓаните, а тоа е субвенционирање за стерилизација на домашни миленици. Од општината денеска  информираа дека е објавен јавен повик на кој граѓаните ќе имаат можност да аплицираат и да добијат субвенција за стерилизацијата на домашните миленици во висина од 100 проценти, но не повеќе од 6000 денари.

За новата мерка, информираше градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на неговиот фејсбук профил. 

- Со задоволство сакам да објавам една нова мерка, а тоа е субвенционирање на граѓаните за стерилизација на домашни миленици. Ова е уште една мерка која ја реализираме како одговорна локална самоуправа во насока на системско решавање на проблемот со бездомните миленици на долг рок. Придобивките од стерилизацијата на милениците се многубројни и подеднакво важни како за здравјето на миленикот така и за околината, напиша Стефковски.

Додава дека стерилизацијата е најдобро решение за контрола и намалување на популацијата на бездомни миленици, а истовремено се намалува и нивната агресивност.

Општина Гази Баба ги повикува граѓаните да аплицираат и да ја искористат можноста за добивање на субвенции. Јавниот повик со условите е објавен на веб страната на општина Гази Баба. цр/са/

Фото: фејсбук на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан