• петок, 03 мај 2024

Стевчо Јакимовски: Иселувањето е заради лошите политики на владеачката гарнитура

Стевчо Јакимовски: Иселувањето е заради лошите политики на владеачката гарнитура

Гостивар, 5 април 2024 (МИА) - Претседателскиот кандидат од редовите на ГРОМ Стевче Јакимовски, кампањата ја продолжи со средба со жителите на Гостивар.

Јакимовски, зборуваше со гостиварци за актуелните случувања и напомена дека најголемата мака е иселувањето и како што напомена тоа е заради, поради лошите политики на досегапните владеjачки гарнитури.

-  Причината за масовниот егзодус е поради полтронскoto однесување на функционерите не водејќи сметка за својата туку за туѓите држави, рече Стевчо Јакимовски претседателски кандидат од ГРОМ.

Тој посочи дека е кандидат на граѓаните, а не продолжена рака на партиите. Зборувајќи за промената на уставот, тој  упати критики за предлозите на неговите противкандидати околу овој процес.  

- Претседателските кандидати бегаат од дебати. Тоа е голем срам за демократијата. Народот мора да ги слушне нивните ставови околу суштинските прашања за државата, рече Јакимовски.згм/са/

Фото: МИА 

Остани поврзан