• недела, 22 декември 2024

ССМ очекува реално намалување на цените со новогодишната кошничка, во спротивно најавува барање за ригорозни казни за сите нефер трговци и трговски практики

ССМ очекува реално намалување на цените со новогодишната кошничка, во спротивно најавува барање за ригорозни казни за сите нефер трговци и трговски практики

Скопје, 6 декември 2024 (МИА) - На 20 декември, пет дена од стапувањето во сила на новогодишната кошничка, ќе знаеме дали трговците реално ги намалиле цените на производите, а на 20 јануари ќе знаеме точно колку ќе бидат себични и колку ќе ги поскапат производите по завршувањето на мерката, изјави денеска  претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Тој очекува дека трговците ќе им излезат во пресрет на граѓаните, а ако тоа не го сторат, ССМ на почетокот на идната година ќе бара ригорозни казни за сите вакви нефер трговски практики и нефер трговци.

Нарушениот животен стандард со постојаниот раст на синдикалната минимална кошничка која од почетокот на годината до денеска се зголеми за повеќе од 4 800 денари, треба да биде, оцени Трендафи

-Како ССМ можеме да гарантираме дека врз основа на синдикалната минимална кошничка уште на 20 декември ќе знаеме дали цените се намалени и дали работодавачите, трговците, добавувачите и производителите ќе имаат општествена одговорност и ќе им излезат во пресрет на граѓаните. Тоа ќе го знаеме само пет дена по стапувањето во сила на новогодишната кочничка. Можеме да гарантираме и дека на 20 јануари ќе знаеме точно колку ќе бидат себични трговците и колку ќе ги зголемат цените на производите по завршувањето на оваа акција. Од претходниот пат знаеме дека синдикалната минимална кошничка беше главниот коректор на цените, рече Трендафилов, одговорајќи на новинарски прашања пред седницата на Економско социјалниот совет (ЕСС). 

Според него, трговците во септември ги намалија платите во трговијата за пет отсто кога разбраа дека ќе има мерка за ограничување на маржите.

-Синдикалната минимална кошничка тогаш се зголеми за повеќе од 720 денари, со мерките се намали за околу 960 денари за потоа повторно да има зголемување од 620 денари. Зборуваме за нелојалност од страна на трговците кон државата, граѓаните, работниците и пензионерите, за луѓе кои веројатно само сакаат да ја искористат можноста да се збогатат на нашиот грб. Очекуваме дека денеска, со оглед дека им се овозможи сами да ги креираат цените, ќе останат достојни барем на тоа што сами го кажуваат. Ако не го сторат тоа, ССМ на почетокот на наредната година ќе бара ригорозни казни за сите вакви нефер трговски практики и нефер трговци, напомена Трендафилов.

Новогодишната кошничка ќе трае од 15 декември до 15 јануари, ќе опфаќа повеќе од 600 производи и со неа се очекува намалување на цените за 10 и повеќе проценти. мч/лв/

фото/видео: МИА

Тагови

Остани поврзан