Средба Села-Ескобар
- Соединетите Американски Држави остануваат главен сојузник и поддржувач на слободата и демократските процеси, особено во нашите земји. Во организација и придружба на претседателот на Албанско-американскиот совет, Хаџи Даути, денеска имав чест да се сретнам со специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
Скопје, 27 јуни 2023
Соединетите Американски Држави остануваат главен сојузник и поддржувач на слободата и демократските процеси, особено во нашите земји.
Во организација и придружба на претседателот на Албанско-американскиот совет, Хаџи Даути, денеска имав чест да се сретнам со специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
Споделивме заедничка загриженост, но и нашата определба за успешно надминување на сите предизвици во земјата и регионот, а разговаравме и за уставните измени, како предуслов за пристапување на земјата во Европската унија.
Мирот на Балканот, интеграцијата на регионот во евроатлантските структури и борбата против криминалот и корупцијата немаат алтернатива и секогаш ќе имаат поддршка од САД.
За време на оваа посета се сретнав и со Бенсон Сивек (Macedonian desk officer), кој исто така се интересираше за случувањата во земјата и перспективата на регионот.
Зијадин Села, Председател на Централното Собрание на АА
—————————————————————————————————————————
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА Архива