• петок, 05 декември 2025

Средба на Сиљановска со независни советници кои ги оспоруваат измените на Изборниот законик за бројот на потписи за независни кандидатури

Средба на Сиљановска со независни советници кои ги оспоруваат измените на Изборниот законик за бројот на потписи за независни кандидатури

Скопје, 7 јули 2025 (МИА) - Независните советници сметаат дека со актуелните измени на Изборниот законик што предвидуваат обврска за собирање повеќе од 1 отсто потписи од електоратот за поднесување независни кандидатски листи во некои општини, се доведуваат во нерамноправна положба во изборниот процес. Ваквиот став тие го изнеле денеска на средба со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

За нив, како што информираат од кабинетот на Сиљановска, горенаведените измени се противуставни како од процедурален заради скратената постапка, така и од материјален аспект заради дискриминацијата. 

-Тие очекуваат од пратениците законско решение што ќе води сметка за уставно загарантираната еднаквост на пасивното и активното избирачко право на секој граѓанин, поттикнување на политичкиот плурализам и овозможување фер и демократски избори, се вели во соопштението од канинетот на претседателката. 

Сиљановска Давкова ја реафирмирала потребата од инклузивна постапка во функција на постигнување широк консензус за измените на Изборниот законик, почитување на меѓународните изборни принципи, правила и добри практики, како и водење сметка за одлуките на Уставниот суд. сст/лв/

Фото кабинет на Пртседател на РСМ 

 

 

Остани поврзан