• недела, 22 декември 2024

Средба на министерот Муртезани со бугарскиот амбасадор Ангелов

Средба на министерот Муртезани со бугарскиот амбасадор Ангелов

Скопје, 16 август 2024 (МИА) -   Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска имал средба со амбасадорот на Бугарија во Северна Македонија, Ангел Ангелов, по повод завршувањето на неговиот мандат во земјава.

Како што информира Министерството, акцентот на состанокот бил ставен „на билатералните односи и модалитетите за идни соработки“.

-Министерот Муртезани ја нагласи важноста на одржување добрососедски односи со Бугарија, особено преку Програмата за прекугранична соработка на ИНТЕРРЕГ ИПА, кофинансирана од Европската Унија. Оваа програма овозможи значајни заеднички проекти, кои придонесоа за создавање одржливи и доверливи односи меѓу пограничните региони, се наведува во соопштението. 

На средбата бил истакнат потенцијалот за продолжување на соработката, вклучувајќи стратешки иницијативи, како што е планираното отворање на граничниот премин Клепало/Струмјани, што се очекува да ја подобри регионалната поврзаност.

-Двете страни ја потврдија својата посветеност на понатамошната соработка во области од заеднички интерес, вклучувајќи и истражување на можности за соработка во рамките на реформите поврзани со ЕУ. Министерот Муртезани му посака успех на амбасадорот во неговите идни активности, информира Министерството. хс/дма/

Фото: Министерство за европски прашања 

Остани поврзан