• понеделник, 23 декември 2024

Средба на Клековски и Аџигогов со претставници на ССМ и УПОЗ: ФЗО дава целосна поддршка во исполнување на колективните договори

Средба на Клековски и Аџигогов со претставници на ССМ и УПОЗ: ФЗО дава целосна поддршка во исполнување на колективните договори

Скопје, 9 јули 2024 (МИА) - Двајцата в.д директори на Фондот за здравствено осигуруѕвање на Република Северна Македонија, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов денеска имале средба со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ и Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ, како и со Бојан Трипуновски, генерален секретар на УПОЗ, и Зоран Печевски, претседател на синдикатот на ФЗОРСМ.

Како што соопштија од ФЗОРСМ, на средбата била истакната важноста на социјалниот дијалог, како и Колективниот договор и проблемите во неговото спроведување.

-Во непосредно минато ФЗОРСМ се соочи со штрајк поради нерешавање на наталожените проблеми. Раководството на ФЗОРСМ е посветено на социјалниот дијалог и дава целосна поддршка во исполнување на колективните договори. Подобри услови за работа се важен дел во подобрување на здравствените услуги, стои во соопштението. вг/нд/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан