• понеделник, 01 јули 2024

Спортската стипендија на Општина Кочани за гимнастичарот Ристе Симеонов и за каратистката Мартина Шахинов

Спортската стипендија на Општина Кочани за гимнастичарот Ристе Симеонов и за каратистката Мартина Шахинов
Кочани, 1 март 2022 (МИА) – Стипендијата за спортист, што ја доделува Општина Кочани, ќе ја добие гимнастичарот Ристе Симеонов, кој годинава беше избран и за најдобар спортист за 2021 година. Каратистката Мартина Шахинова пак, ќе ја добие стипендијата за спортистка. Според новиот правилник за спортска стипендија, што почнува да се применува од оваа година, двојно е зголемена финансиската поддршка и таа ќе се доделува за млади надежни спортисти во машка и во женска конкуренција. -По објавениот повик, до општинската комисија пристигнаа три пријави, од кои едната не е прифатена заради неисполнување на основниот услов – кандидатите кои конкурираат да имаат од 17 до 20 години. Спортската стипендија на Општина Кочани се доделува за период од десет месеци, со месечен износ од по три илјади денари за секој од добитниците. Наскоро градоначалникот Љупчо Папазов ќе ги потпише договорите со спортистите, по што ќе почне исплатата на средствата, се истакнува во писменото известување од локалната самоуправа на Кочани. Спортската стипендија на Општина Кочани се доделува единаесетта година по ред, како подршка на младите таленти во понатамошната спортска кариера на државно и на меѓународно ниво. Средствата се обезбедени преку општинската Програма за спорт, со намена за стимулирање на млади спортисти.та/бт/

Остани поврзан