• вторник, 17 декември 2024

Синдикатот на полицијата бара зголемување на платата за 15 проценти

Синдикатот на полицијата бара зголемување на платата за 15 проценти

Скопје, 9 јануари 2024 (МИА) - Синдикатот на полиција бара зголемување на платите за 15 проценти почнувајќи од јануари. Претседателот на Синдикатот Орце Коцевски денеска во изјава за медиумите рече дека основната плата на полицаец во моментот е 16.332 денари.

- Зголемувањето на платите за 15 проценти почнувајќи од јануари 2024 година да биде од буџетот на Министерството за внатрешни работи за што сметаме дека МВР е способно да ги покачи платите од својот буџет односно пари за повисоки плати во овој момент има, рече Коцевски, додавајќи дека не се откажуваат ниту од барањето едно евро, еден бод.

На прашањето кој ќе биде следниот чекор на Синдикатот доколку не се исполни ова нивно барање, Коцевски изрази надеж дека министерот за внатрешни работи ќе го сфати барањето и почнувајќи од овој месец ќе ја зголеми платата минимум за 15 проценти, но доколку тоа не се случи, не е исклучено организирање на протест.  

На новинарско прашање дали е нарушена безбедноста на полициските службеници кои, како што беше кажано, се плашат на терен да употребат пендрек во самоодбрана, Коцевски рече дека Внатрешната контрола на МВР честопати неосновано суспендира полициски службеници и со тоа се губи довербата кај нив. Решението за овој проблем, според Коцевски, е целосна реорганизација на МВР и враќање на професионализамот во полицијата. сх/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан