• понеделник, 23 декември 2024

Специјална двојна „Порше“ понуда - кабриолет и купе

Специјална двојна „Порше“ понуда - кабриолет и купе

Штутгарт, 2 ноември 2022 (МИА) - „Порше“ двоецот „Бокстер / Кајман“ од „Серијата 718“ ќе им биде достапен на клиентите од следната година во ново специјално издание „Стајл едишн“.

„Порше“ го избра својот популарен двоец со средишно поставен мотор како основа за најновото во серијата специјални изданија оваа година, а купувачите кои ќе се одлучат за кабрио или купе, ќе може да сметаат на неколку елементи својствени за кабриолетот-двосед. Натаму, две опции се достапни со бандажите што брендот првпат ги прикажа на моделот „718 спајдер“, а меѓу познимливите подробности е и една од понудените бои на каросеријата (тн. „Руби стар нео“), што потсетува на бојата што некогаш се нудеше со „911 карера РС“. Новитетот содржи доста од стандардната опрема, вклучувајќи адаптивни биксенонски светла (ПДЛС), двозонски клима-уред, греење на седиштата, сензори за паркирање... Зад седиштата на оваа „Стајл едишн“ понуда има дволитарски четирицилиндричен турбо-бензински боксер-мотор кој развива 300 коњски сили и максимални 380 њутн-метри вртежи, што се распределуваат на задната оска со рачен менувач со шест степени. Како опција има и седумстепен автоматски ПДК-менувач. Без третата педала и со опцискиот „Спорт кроно“ пакет, двете верзии развиваат од 0 до 100 км/ч одат за 4,7 секунди, а максималната брзина им е 275 км/ч.  си/сд/

Остани поврзан