• среда, 18 декември 2024

Спасовски и Шекеринска: Успешната приказна АНБ и членството во НАТО се гарант за националната безбедност

Спасовски и Шекеринска: Успешната приказна АНБ и членството во НАТО се гарант за националната безбедност
Скопје, 31 август 2021 (МИА) – Агенцијата за национална безбедност (АНБ) е модерна, ефикасна и европска агенција која што ги остварува заложите за заштита на уставниот поредок на државата и борбата против оргнизираниот криминал и корупција, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на одбележувањето на двегодишнината од Агенцијата. -Во овие две години имаме исклучително добра соработка базирана на принципиелни основи. Соработката на меѓународно ниво и внатре во државата ги оправда сите напори што беа вложени за да ја создадеме целата оваа приказна, подвлече Спасовски, оценувајќи дека реформата била неопходна. Додаде дека заедничката соработка придонела за зачувување на стабилноста и безбедноста на граѓаните. Според министерката за одбрана Радмила Шекеринска, најважно е инвестирањето во институциите кои ќе бидат професионални и независни, а безбедноста нема цена. - Во целиот овој изминат период, владините и незвисните институции работеа со една цел, а тоа е агенциите како АНБ да си ја врши својата работа, а ние да им го даваме законскиот формат и буџет за тоа да го направат квалитетно. И навистина, дури и во периоди на пандемија и сериозни фискални кратења, успеавме да обезбедиме буџетски ресури коишто ќе ги покријат потребите затоа што безбедноста нема цена, рече Шекеринска. Министерката се осврна и на членството во НАТО и рече дека целта на Агенцијата и на Министерството за одбрана била да се докаже професионалноста на институциите во државата. Директорот на Агенцијата Виктор Димовски во своето обраќање се осврна на рефорските напори и на условите за работа наметнати од пандемијата, напоменувајќи дека и покрај препреките Агенцијата продолжила со реформите. На свеченото одбележување, покрај министерката за одбрана Шеќеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, присустуваа и претседателот Стево Пендаровски и министерот Филипче. Плакети за успешна соработка им беа доделени на премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и на повеќе институции со кои Агенцијата изминатиот период остварила успешни соработки. свс/бак/

Остани поврзан