Со тенискиот турнир почна „Дебарско лето 2026“
- Со традиционалниот тениски турнир „Дибра опен“, активност, која побудува се поголем интерес за учество кај младите, почнаа планираните активности во рамки на „Дебарско лето 2026“.
Дебар, 21 јули 2026 (МИА) – Со традиционалниот тениски турнир „Дибра опен“, активност, која побудува се поголем интерес за учество кај младите, почнаа планираните активности во рамки на „Дебарско лето 2026“.
На турнирот, кој се одржува на спортските терени во близина на деветолетката „Пенестија“, учествуваат 22 натпреварувачи.

-Чест ми е што можам да го прогласам за отворен годинешниот тениски турнир. Им посакувам успех на сите учесници, фер и спортски дух. Турнирот создаде одлична спортска атмосфера и ентузијазам, означувајќи го почетокот на лето исполнето со спортски, културни и уметнички активности за сите граѓани, рече градоначалникот Фисник Меља на отворањето.
Тој ги повика граѓаните и иселениците да бидат дел од многубројните активности што ќе ги организира општината, додавајќи дека ова лето ќе биде поинакво, зашто прв пат, Општина Дебар подготви „календар на многу настани кои ќе му дадат нова енергија на нашиот град во текот на целата летна сезона“.

Покрај другото ќе се одржат фудбалски турнири во Дебар, селата Долно Косоврасти и Могорче, полагање за мајсторски испит по карате, музички, литературни и други настани, предвидена е и средба со иселениците, потоа турнир во риболов, а завршува на 23 септември со отворањето на 25 издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“ и одбележување на денот на Општината. вт/лв/
Фото: МИА