• четврток, 18 јули 2024

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра

Скопје, 3 февруари 2023 (МИА) - Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и посебниот секретар на Грција за територијална соработка и структурни фондови на ЕУ, Георгиос Зервос, денеска во Солун ја отворија новата ИПА 3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Грција, во вредност од 33 милиони евра.

Како што информира Министерството за локална самоуправа, на првиот состанок на Заедничкиот мониторинг комитет за спроведување на новата Програмата меѓу двете земји, било изразено задоволство од резултатите остварени во вториот програмски период, во кој што се финансирани 62 проекти, со очекување искористеноста на средствата од Европската Унија да продолжи да се зголемува.              

Оваа програма е многу значајна за Северна Македонија и за Министерството за локална самоуправа затоа што општините, но и институциите и граѓанските организации можат директно да аплицираат за средства од ИПА инструментот на ЕУ и да обезбедат финансирање на важни проекти во општините. Министерството ќе продолжи да работи на зајакнување на своите и на капацитетите на општините за целосна апсорпција  на расположливите средства од ЕУ, рекол министерот Пенов.

Министерот за локална самоуправа истакнал дека соработката меѓу двете земји  преку ИПА инструментот е важна затоа што во процесот на интегрирање на државата во ЕУ, голем показател за подготвеноста на институциите е и капацитетноста за користење на средствата од ИПА инструментот.

Тој изразил очекување дека врз основа на научените лекции, во третиот програмски период ќе се достигне ниво на целосна  апсорбција на средствата и ќе се реализираат проекти кои што ќе ги подобрат условите за живеење на граѓаните во пограничниот регион.

-Во оваа прилика сакам да го поздравам напредокот на работите за изградба на граничниот премин Маркова Нога. Преспа има голема симболика за нашите земји, Северна Македонија и Грција, но овој граничен премин има и голема практична вредност за полесна комуникација на жителите, што ќе придонесе и за развојот на микрорегионот, истакнал министерот за локална самоуправа Пенов. сст/дма/

 

Остани поврзан