• понеделник, 23 декември 2024

Со акција на бесплатни прегледи, Институтот за јавно здравје го одбележува Светскиот ден на срцето 

Со акција на бесплатни прегледи, Институтот за јавно здравје го одбележува Светскиот ден на срцето 

Скопје, 30 септември 2023 (МИА) - Со акција за бесплатни прегледи за проверка на шеќер во крвта, холестерол и крвен притисок, Институтот за јавно здравје во Градскиот парк во Скопје денеска го одбележува Светскиот ден на срцето - 29 септември. 

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, на настанот изјави дека Денот на срцето претставува аларм за будење на колективна свест во правец на превенција на сите ризик фактори кои зависат од поединецот.

- Годинава под мотото „Користи го срцето и знај повеќе за срцето“, упатуваме јасна порака дека најдобро се чува она што добро се познава. Со ова апелираме будно следење и контрола на сите ризик фактори како покачен крвен притисок, дијабет, обезност и друго, за популацијата афектирана од овие состојби, а за останатите редовни прегледи со цел навремена дијагноза, потенцираше министерот. 

Како совети ги издвои прекин на пушењето и други нездрави наивки, воведување здрав режим во скојдневната исхрана, како и спортска активност. 

- Возрасната група над 65 години е сѐ уште највулнерабилна и најзасегната од кардиоваскуларните заболувања. Но, 20 проценти ѝ припаѓаат и на помладата популација. Затоа, апелираме добро да си го знаете срцето и свесно и активно да ни помогнете во нашата дејност, рече Меџити.

Проф. Д-р, Елена Ќосевска од Институтот за јавно здравје изјави дека Институтот го одбележува овој ден за да се подигне свеста кај граѓаните да водат здрав стил и да се грижат за своето здравје.

- Направена е акција со соработка со Детскиот културен центар Карпош и Градинката „13 Ноември“. Сакавме да постигнеме подигање на свеста уште од мали нозе кај децата, да знаат што значи овошје, што зеленчук и да се грижат за своето здравје, рече таа, појаснувајќи дека во 2022 година имало девет случаи на починати млади луѓе од срце.

Џулијана Михајловска, специјалист и докринолог на болницата Жан Митрев, изјави дека оваа акција ја поддржуваат со организирање бесплатни кардиолошки прегледи.

- Во текот на вчерашниот ден тие беа во сите здравствени организации во Битола, Струмица и Скопје. Денеска учествуваме во акцијата за подигнување на свеста на граѓаните за намалување на ризик факторите, а со тоа и намалување на компликациите на кардиоваскуларните заболувања, изјави таа. 

Ана Челиќич, од Универзитетската Клиника за кардиологија потенцираше дека секојдневно работат на рано откривање на пациентите кои се со кардиоваскуларни болести. Појасни дека го користеле Европскиот спорт систем кој го одредува десетгодишниот ризик од фатален кардиоваскуларен настан. 

- Со одредување на високиот крвен притисок, холестеролот, полот, возраста и дишењето како ризик фактор, се одредува бројот кој на пациентите им е од неизмерна важност, а нам ќе ни овозможи следење навремено и првенствено следење и унапредување на квалитетот на животот на нашите пациенти, рече таа. љм/ар/

ФОТО/МИА

 

 

Остани поврзан