• сабота, 13 декември 2025

Сочувство од претседателот на Казахстан Токаев до претседателката Сиљановска Давкова по повод трагедијата во Кочани

Сочувство од претседателот на Казахстан Токаев до претседателката Сиљановска Давкова по повод трагедијата во Кочани

Скопје, 17 март 2025 (МИА) - Претседателот на Република Казахстан Касим-Жомарт Токаев упати изрази на сочувство до неговата колешка претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод трагедијата во Кочани.

-Длабоко ме растажи трагичната вест за бројни човечки жртви како последица на пожарот во градот Кочани, Северна Македонија.
Во име на народот на Казахстан и во мое лично име, изразувам сочувство до Вас и до семејствата кои ги загубија своите најблиски, како и до народот на Северна Македонија. На повредените им посакувам брзо закрепнување, се наведува во писмото од претседателот Касим-Жомарт Токаев објавено на неговиот официјален налог на платформата „Х“. вг/лв/

Фото: Принтскрин 

Остани поврзан