• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сочувство за трагедијата во Кочани од Врховниот поглавар на Бекташкиот ред Хаџи Деде Баба Монди

Сочувство за трагедијата во Кочани од Врховниот поглавар на Бекташкиот ред Хаџи Деде Баба Монди

Дебар, 17 март 2025 (МИА) - Врховниот поглавар на Бекташкиот ред Хаџи Деде Баба Монди, чие седиште е во Тирана, изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани, а на повредените им посака побрзо закрепнување.

-По повод на оваа голема трагедија, во мое и во името на милиони бекташи низ целиот свет, им изразувам најдлабоко сочувство на семејствата на загинатите млади животи, а на повредените брзо закрепнување. Ги поздравуваме напорите на државните и локалните структури на државата и на сите оние кои пружиле помош, да со верба во Семоќниот Бог, чувството на хуманоста и нивната најголема пожртвуваност да ги минимизира последиците од оваа голема трагедија, стои во објавата на Фејсбук.

Порачува дека ова е време кога нашите души треба да бидат смирени, да негуваат братска љубов и хармонија, без разлика на раса, етничката и верска прпадност или боја.

-Нека почиваат во мир душите на загинатите во оваа трагедија. Повредените побрзо да закрепнат и да си дојдат во семејствата. Амин, напиша Баба Монди. вт/дма/

 

Фото: Баба Монди ФБ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан