• сабота, 12 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Состанокот на Советот за асоцијација ЕУ-Украина ќе се одржи на 9 април

Состанокот на Советот за асоцијација ЕУ-Украина ќе се одржи на 9 април

Брисел, 5 април 2025 (МИА) - Десеттиот состанок на Советот за асоцијација ЕУ-Украина ќе се одржи во Брисел на 9 април 2025 година, а ќе се разговара за политички прашања и билатерални односи.

ЕУ и Украина ќе разменат мислења за ситуацијата по руската агресија, фокусирајќи се на воената, економската и хуманитарната ситуација на теренот и одговорот на руската агресија, вклучително и пошироките глобални и економски прашања, соопштија од ЕУ.

Учесниците ќе разговараат за спроведувањето на Договорот за асоцијација, прашањето за обновата и реформите во Украина и финансиската помош од ЕУ. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан