• понеделник, 23 декември 2024

Сообраќајот се одвива непречено по наместа влажни коловози

Сообраќајот се одвива непречено по наместа влажни коловози
Скопје, 18 септември 2022 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај, информираат од АМСМ, на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Патниот правец Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони. цр/

Остани поврзан