• недела, 30 јуни 2024

За викендот сончево со мала облачност

За викендот сончево со мала облачност

Скопје, 16 февруари 2024 (МИА) - За време на викендов времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, особено во недела, соопшти УХМР. 

Времето утре ќе биде сончево и тивко, со дневна температура до 17 степени. В недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минимална температура ќе биде во интервал од -3 до 4 степени, а максималната температура до 19 степени. 

Во првите денови од следната седмица ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд. Ќе дува и умерен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе бидат во интервал од -4 до 4, а дневните од 7 до 19 степени. мд/са/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан