• вторник, 16 јули 2024

Сончево со слаб ветер и пониски температури

Сончево со слаб ветер и пониски температури
Скопје, 18 мај 2022 (МИА) - Времето во земјава утре ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Поради разведрувањето утринските температури ќе бидат ниски за овој период од годината. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 24 степени. Во наредните денови ќе се задржи стабилно време, во петок со пониски утрински температури, а дневните од сабота ќе бидат значително повисоки. Локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи ќе има во недела. сст/дма/

Остани поврзан