• понеделник, 01 јули 2024

Сончево со мала до умерена локална облачност

Сончево со мала до умерена локална облачност

Скопје, 13 ноември 2023 (МИА) - Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени.

И во вторник ќе се задржи стабилно време, сончево со мала до умерена облачност. Во среда во попладневните часови повторно се очекуваат врнежи од дожд. ир/лв/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан