• вторник, 10 март 2026

Сончево со мала до умерена локална облачност

Сончево со мала до умерена локална облачност

Скопје, 10 март 2026 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 17 степени.

До петок времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Утрата ќе бидат постудени со минимални температури кои во некои места ќе се спуштат под нулата.

Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд, информира УХМР. рп/хс/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан