• среда, 03 јули 2024

Сончево и топло, до 26 степени

Сончево и топло, до 26 степени
Скопје, 27 октомври 2022 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево со мала, а на југоистокот со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје сончево со мала облачност и слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 23 степени. И во наредните денови, до сабота, ќе продолжи периодот на стабилно време, со постепено опаѓање на дневната тепература. Утринската температура за време на викендот наместа ќе се спушти под нулата. мч/нд/

Остани поврзан