• петок, 22 ноември 2024

Солскјер објасни зошто сè уште не може да победи против Вулверхемптон

Солскјер објасни зошто сè уште не може да победи против Вулверхемптон
Манчестер,3 јануари 2019 (МИА) - Манчестер јунајтед мора да го „заслужи“ својот успех против Волверхемптон во ФА Купот во саботата, откако испадна од „волците“ во четвртфиналето минатата година, изјави менаџерот Оле Гунар Солскјер. - Ова ќе биде четврти пат кога ќе се исправам против нив и сè уште немаме победа. Тешко место за гостување. Ливерпул загуби овде минатата сезона, а Манчестер Сити отстапи неодамна. Имаат добри играчи, добар менаџер кој успеа даја наметне својата филозофија. Тимот може да смени различни шеми - 3-5-2 или 3-4-3, добро запознаени со секој детал ... нè чека тешка вечер. Мора да го заслужиме успехот. Потребна е позитивна реакција по поразот од Арсенал, изјави тој на прес-конференција. Рекордната аквизиција на Јунајтед, Пол Погба, кој го пропушти поразот од 0-2 против „топџиите“, ќе биде подложен на операција на глуждот и ќе биде аут од терените уште четири недели, при што Солскјер објасни дека овој пат станува збор за поинаква повреда од онаа што го извади Французинот од игра три месеци во текот на сезоната. - Еве пак - третата рунда на ФА Купот е, а вие зборувате за Пол. Тој се врати по еден период во амбуланта, одигра два натпревари, доби повреда и го пропушти мечот со Барнли. Помина скенер ... повредата не е иста, секогаш се консултирате со медицинскиот штаб, го сакате најдоброто второ мислење. Советот беше да се оперира, најверојатно ќе отсуствува 3-4 недели, изјави Норвежанецот.

Остани поврзан