• четврток, 04 јули 2024

Солскјер: Ништо над Манчестер Јунајтед оваа сезона

Солскјер: Ништо над Манчестер Јунајтед оваа сезона
Лондон, 12 август 2021 (МИА) - Знаеме дека сме добар тим, но знаеме дека ни претстои уште малку за да бидеме таму каде што сакаме и да освоиме трофеи, изјави тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер. Во интервју за „Sky sports", Солскјер изјави дека е возбуден за тимот и мисли дека ништо не е над нив. Шефот на Јунајтед располага со непобитен талент откако ги донесе Џејдон Санчо и Том Хитон на „Олд Трафорд“, додека Рафаел Варан се очекува да пристигне во секој момент. Солскјер во интервјуто наведува дека забележува напредок во тренерскиот штаб, кадарот на играчи и во начинот на тоа како функционира клубот. - Почетокот на сезоната е многу важен, рече Норвежанецот, бидејќи, како што кажа „бевме многу лоши дома на почетокот на минатата сезона, но потоа, далеку од дома, бевме без пораз“. Дополнува дека се надеваат дека ќе ја добијат истата конзистентност дома како и на гости и оти за тоа многу ќе им помогне фактот што ги добија назад навивачите. ар/лв/  

Остани поврзан