Современи бугарски дела во фокусот на првото балканско студио за литературен превод ViceVersa
- Во рамките на првото меѓународно балканско книжевно преведувачко студио ViceVersa 12 преведувачи ќе се запознаат со современи бугарски дела. Тоа започна денеска во Домот за литература и прево
Софија, 15 септември 2022 - Во рамките на првото меѓународно балканско книжевно преведувачко студио ViceVersa 12 преведувачи ќе се запознаат со современи бугарски дела. Тоа започна денеска во Домот за литература и превод во Софија, велат организаторите.
Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информациии професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
Во следните две недели преведувачи од бугарски на српски, македонски и албански ќе работат во повеќејазична и мултикултурна средина. Во студиото има и преведувачи од овие јазици на бугарски.
За време на настанот, учесниците ќе работат под менторство на Ксенија Бановиќ, Никола Маџиров, Русана Христова-Бејлери и Русанка Лапова.
Во програмата е вклучена и акцијата „Транспарентниот преведувач“, при што преведувачи од Бугарија и Република Северна Македонија ќе работат на непознат текст пред публика.
Студиото е една од иницијативите на фондацијата „Следна страница“ за поддршка на промоцијата на бугарската литература на Балканот и објавувањето на бугарската литература во превод на други јазици.
БТА
____________________________________________________________________________
Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА