• недела, 22 декември 2024

Совети до идните генерации: Како да се заштити и сочува биодиверзитетот?

Совети до идните генерации: Како да се заштити и сочува биодиверзитетот?

Лос Анџелес, 17 август 2023 (МИА) - При патување во природа, секој е фасциниран од сите тие разни и различни растителни и животински видови. Но, загриженоста и стравувањата дека некои од тие видови веќе нема да постојат за 10 - 20 години - се тука. Биодиверзитетот е во опасност. Дали ќе дојдеме до точка каде што ќе бидеме осамени на Земјата?

Биодиверзитет: Зошто е важно да има повеќе ликови на „забавата“?

Биодиверзитетот не се однесува само на естетиката. Како и луѓето на една обична забава, така и во екосистемот - секој вид има своја улога. Ако недостасува само еден лик во таа разновидност, целиот концепт пропаѓа. А, главните виновници, за жал, сме ние самите - луѓето. Причините се глобални, но почнуваат од секојдневните урбани навики. 

1. Уништување на шумите. Човекот заборава дека шумите не се само дрвја, туку дом на илјадници видови. Прекумерната сеча е потфат против планетата Земја, против самите нас.

2. Загадување. И фрлањето ѓубре не е в ред. Тоа значи повеќе отровни материи во околината, реките и морињата.

3. Тоа води кон глобалното затоплување. Кога времето станува премногу топло, многу видови не можат да продолжат да виреат.

Што може младите да направат?

1. Бидете информирани. Знаењето е моќ. Колку повеќе знаеме, толку повеќе може да им се помогне на околината, општеството, па и на светот.

2. Рециклирање и намалување на отпадот. Направете мода и тренд од екологијата и свеста за почиста и поорганизирана животна средина.

3. Организациите за поддршка, како што се невладините организации работат на заштита на биолошката разновидност. Дури и мал прилог или доброволна помош и учество може да придонесе многу.

Земете ги работите во свои раце! Некој можеби се прашува: Што можам јас како една личност? Но, секоја промена почнува со еден чекор - една личност, една замисла. Поврзете се, информирајте се, дејствувајте, вклучете се. Така може повторно да ја направиме нашата планета живописно место полно разни и различни бои и звуци!

Губењето на биодиверзитетот не е само тажна приказна за животните и растенијата. Тоа е приказна за нас, нашиот дом и иднина. Советот гласи - бидете промената што сакате да ја видите на Земјата.  си/

Фото: Пиксабеј

Остани поврзан