Парламентарна делегација предводена од претседателот на Собранието Африм Гаши во посета на Турција
- Собраниска делегација предводена од претседателот Африм Гаши, од денеска до 5 октомври ќе престојубваат во Анкара, Туција. Во состав на делегацијата, како што информира собраниската прес-служба, се Бејџан Иљас, претседател на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Турција, членовите на оваа група Никола Мицевски и Мерита Колчи Коџаџику, како и пратениците Оливер Спасовски и Беким Сали.
Скопје, 2 октомври 2024 (МИА) - Собраниска делегација предводена од претседателот Африм Гаши, од денеска до 5 октомври ќе престојубваат во Анкара, Туција.
Во состав на делегацијата, како што информира собраниската прес-служба, се Бејџан Иљас, претседател на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Турција, членовите на оваа група Никола Мицевски и Мерита Колчи Коџаџику, како и пратениците Оливер Спасовски и Беким Сали.
Денеска делегацијата од македонското Собрание ќе има средба со проф. д-р Ерол Озвар, претседател на Советот за високо образование.
За утре, според собраниската прес-служба, планирана е средба со проф. д-р Селим Аргун, вршител на должноста претседател за верски прашања, тет-а-тет средба на Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија и Нуман Куртулмуш, претседател на Големото национално собрание на Турција, како и средба помеѓу делегациите со која ќе претседаваат претседателите на собранијата, Нуман Куртулмуш и Африм Гаши.
Во рамки на посетата предвиден е поздрав на претседателот Африм Гаши на пленарна сесија на Генералното собрание, средба со Кадир Озкаја, претседател на Уставен суд, средба со Хакан Фидан, министер за надворешни работи на Република Турција и прием кај Реџеп Тајип Ердоган, претседател на Република Турција.
За во петок, пак, планирано е обраќање на претседателот на македонското Собрание Африм Гаши пред студентите на Универзитетот Мармара, како и средба со граѓани на Република Северна Македонија кои престојуваат во Истанбул. сст/са/
Фото: МИА архива