• петок, 22 ноември 2024

Собранието дебатира за интерпелација на Гаши

Собранието  дебатира за интерпелација на Гаши

Скопје, 3 септември 2024 (МИА) - Пратениците и попладнево расправаа по интерпелацијата за претседателот на Собранието Африм Гаши, поднесена од пратеничката група на Левица, а дебатата ќе продолжи по паузата дадена на барање на пратеникот Борислав Крмов. 

Во попладневиот дел од седницата дојде до размена на процедурални забелешки меѓу пратениците Борислав Крмов од Левица и Халил Снопче од Вреди околу употребата на термините необалисти од Левица и националисти и фашисти од Вреди.

Крмов посочи дека формално деловички не смее да има двојни стандарди и ограничување на слобода на говорот 

-Необалист е говор на омраза, а што е националист, фашист? Ние ја пласираме тезата дека има необализам. Зарем нема во Гостивар споменик на Џемо Хасан како балист. Јас апелирам да нема двојни стандарди и да ни дозволите слободно да се изразуваме на оваа говорница, рече Крмов посочувајќи дека нивната теза тие ја аргументираат, и досега никој не им одговорил за тој споменик, додека од Вреди, вели, етикетираат без аргумнти.

На ова реплицираше пратеникот Снопче.

- Вие необлаистички израз употребивте и при избор на новата влада, и на замениците министри. Ние не ви одоговоривме затоа апелирам да не употребуваме вакви изрази, оти ќе има одговор од нас. Целта ви е да провоцирате и да ги поттикнувате страсите во државата, рече Снопче нарекувајќи ја Левица популистичка и националистичка партија која со своите политики е далку од залагањата на левичарска партија.

По ваквата реторика неколку пати реагираше потпретседателот на Собранието пратеникот Антонио Милошоски, кој претседава со седницата, со укажување дека секој говорник е должен да го почитува достоинството на Собранието, односно на секој избран пратеник. По барање на Крмов заради создадената тензија со репликите, беше дадена едночасовна пауза.

Претресот по интерпелацијата на работата на претседателот на Собранието трае еден работен ден, до исцрпување на пријавените за збор – вкупно 21 пратеник. вг/лв/

Фото: МИА

 

Остани поврзан