• вторник, 05 ноември 2024

Снабдувањето со вода во Тетово привремено ќе биде само од едниот од двата водоснабдувачки системи

Снабдувањето со вода во Тетово привремено ќе биде само од едниот од двата водоснабдувачки системи

Тетово, 22 јули 2024 (МИА) - Општина Тетово информира дека водоснабдувањето одреден период ќе се врши само со количините од стариот водоснабдителен систем, поради заматување на водата од новиот Лешнички систем. Оттаму велат дека заматувањето е последица на невремето што викендов го зафатил Шарплaнинскиот појас.

- Водата што доаѓа од изворите на Лешница е заматена и достигна ниво на загаденост над нормалата. Поради оваа ситуација, принудени сме привремено да ја прекинеме употребата на овој ресурс додека не се изврши целосното чистење, процес кој бара време. Моментално градот ќе се снабдува со вода од старите извори и оние на Попова Шапка, кои обезбедуваат проток од 350 литри во секунда. Оваа количина не е голема, но е доволна за да се излезе на крај со оваа тешка ситуација, доколку сите соработуваме и штедиме вода. Секоја капка вода што ја заштедуваме денеска е инвестиција во нашата заедничка иднина. Ова е моментот кога ние како одговорни граѓани мора да покажеме солидарност и грижа, се вели во денешното соопштение на Општина Тетово.

Новиот водоснабдувачкиот систем пред десет дена беше вклучен за потребите на градот поради намалување на обилноста на планинските извори со кои се полни стариот водоснабдителен систем. На 11 јули од Јавното претпријатие за водовод и канализација „Шар“ информираа дека од 450 литри колку што произведуваа старите извори, моментално има само 350 литри во секунда. ас/дма/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан