Смртоносен напад на мечка врз работник во зоолошката градина во Шангај
- По смртоносниот напад на мечка врз еден работник во шангајската зоолошка градина, Управата ветила дека ќе го подобри системот за заштита на посетителите и животните.
![Смртоносен напад на мечка врз работник во зоолошката градина во Шангај](https://new.mia.mk/images/20221104225348_big_730x400_75.webp )
Пекинг, 19 октомври 2020 (МИА) - По смртоносниот напад на мечка врз еден работник во шангајската зоолошка градина, Управата ветила дека ќе го подобри системот за заштита на посетителите и животните.
Трагичниот настан се случил пред полн автобус со посетители во делот на зоолошката градина, каде живеат дивите ѕверки.
Управата на ЗОО изразила сочувство до семејството на настраданиот работник и соопшти дека паркот ќе биде времено затворен поради „активности за подобрување на безбедносниот систем“. гт/