• понеделник, 23 декември 2024

Истражување: Петина лекови во Африка се со лош квалитет или се фалсификувани

Истражување: Петина лекови во Африка се со лош квалитет или се фалсификувани

Адис Абеба, 4 август 2024 (МИА) - Петина од лековите во Африка не ги задоволуваат стандардите за квалитет или се фалсификувани, покажува обемно истражување кое предизвикува загриженост дека овој проблем може да доведе до бројни смртни случаи во потсахарското подрачје.

Истражувачи од Универзитетот Бахир Дар во Етиопија анализирале 7.508 примероци лекови, а од тој број 1.639 не задоволиле квалитет барем на еден тест, пренесува "Гардијан".

Клаудија Мартинез, водач на истражувањето од непрофитната фондација „Пристап до лекови" од Амстердам, наведува дека ваквото откритие е причина за голема загриженост по јавното здравје.

Процените кои минатата година ги објави Канцеларијата на ОН покажуваат дека ваквите лекови годишно предизвикуваат до 500.000 смртни случаи.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека во Африка најчесто се фалсификувани антибиотици или лекови против маларија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан