• понеделник, 23 декември 2024

Славески: Советничките групи ќе поддржат дополнителни вработувања во „Комунална хигиена“ и средства за поправка на 30 автобуси на ЈСП

Славески: Советничките групи ќе поддржат дополнителни вработувања во „Комунална хигиена“ и средства за поправка на 30 автобуси на ЈСП

Скопје, 22 август 2024 (МИА) - Советничките групи во Советот на Град Скопје на наредната седница на Советот на 29 август ќе ги поддржат дополнителните програми за работа на Комунална хигиена за вработување на околу 120 лица,  како и средства за ЈСП  со пренамена од друг проект со кои ќе се репарираат и стават во функција уште 30 автобуси, изјави претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески.

На денешната средба за координација во Град Скопје на која присуствуваа координаторите на советничките групи Славески посочи дека градоначалничката Арсовска дошла со директорите јавните претпријатија Паркови и зеленило, Комунална хигиена Скопје и ЈСП Скопје, надлежни за областите кои се најгорливи во Скопје чистота во градот Скопје и јавниот превоз. Директорите на Комунална хигиена и на Паркови и зеленило со оглед дека се нови на функцијата, само 10 -тина дена, не можеле да дадат конкретни одговори на прашањата, и останало дополнително советници да бидат информирани за прашањата што ги поставуваа. 

-На состанокот од јавните претпријатија беше нагласено дека им е потребна дозвола за набавка на нова механизациоја, опрема и др. Јас забележав дека нивните инвестициски планови се одобрени од страна Советот на Град Скопје уште на почетокот на годината, како и во претходните години и се поставува прашање што правеа кога ни кажуваат дека во просек возилата и опремата им се стари над 20 а во некои групи и 30 години, вели Славески.

Во однос на јавниот превоз во Град Скопје, кажа дека и на средбата во понеделникот било констатирано дека на краток рок не може да се изврши набавка на нови автобуси кои би го зголемиле возниот парк, но и дека добар дел на возниот парк е нефункционален. Повтори дека од Владата била изразила подготвеност дека дел од средствата кои се неискористени а се наменети за инфраструктурен проект во Град Скопје промптно да се префрлат на сметката на Град Скопје за рехабилитација на одреден број на автобуси што не се во функција, во пресрет на почетокот на новата учебна година.

-Затоа што овде имаме две  клучни дати, едната е 1 односно 3 септември кога е почеток на учебната година, за основците и средношколците и мала пауза додека студентите не се вратат  на факултетите. Според проценката на директорот дури 30 автобуси би можеле да бидат поправени и да се стават во функција доколку овој договор околу префрлањето на средства од страна на Владата и започнување на сервисирање на оној долг од осум милиони евра што претходната Влада го направи кој ЈСП, рече Славески.

Тој изрази очекување дека од 1 септември  јавниот превоз во градот ќе функционира, но не оптимално како што посакуваме.

-Нема закочени процеси во Советот за Град Скопје, ако станува збор за закочување тоа е една програма, која ја спомнав, да се дозволат нови 120 вработени во „Комунална хигиена“. Се разбира, ќе ги разгледаме и другите програми кои што не се донесени, рече Славески на новинарско прашање дали од 29 август ќе се откочат работите во Советот на градот. 

Прашан за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски кој денеска ги повика советниците да ги поддржат плановите на Град Скопје, Славески повтори дека до сега единствено не била изгласана Програмата за дополнителни активности за „Комунална хигиена“ за дополнително сезонско вработување на 120 работници. Тој, смета дека и со сегашната бројка ова ЈП би можело добро да функционира.

Буџетот нема 8 милиони евра да го подмири долгот, создаден во претходните неколку години за бесплатниот превоз на студентиот, рече Славески и дополни дека постои расооложение тоа да се прави сукцесивно. Во однос на БРТ системот, потсети дека претседателот на Владата во понеделник изрази сомнеж дека за кусо време советниците би дале дозвола за продолжување на овој проект. вг/лв/

Фото: МИА

 

Остани поврзан