• понеделник, 09 септември 2024

Си и Путин му ја честитаа на Ким Џонг Ун годишнината од основањето на Северна Кореја

Си и Путин му ја честитаа на Ким Џонг Ун годишнината од основањето на Северна Кореја

Сеул, 9 септември 2024 (МИА) – Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин упатија честитки до севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун по повод годишнината од основањето на Северна Кореја, јави утрово севернокорејската новинска агенција КЦНА.

- Сигурен сум дека сеопфатното стратешко партнерство меѓу Русија и Северна Кореја ќе се зајакне, благодарение на нашите заеднички напори, рече Путин во честитката.

Си во својата порака повика на подлабока стратешка комуникација и соработка со Северна Кореја. јт/

Остани поврзан