• петок, 22 ноември 2024

Израел нареди нова евакуација во Газа поради ракетен напад

Израел нареди нова евакуација во Газа поради ракетен напад

Тел Авив, 9 септември 2024 (МИА) - Израелската армија денеска издаде наредба за евакуација на северозападниот дел на Газа, од каде што палестински милитанти вчера истрелаа ракети кон израелскиот град Ашкелон.

Израелските сили пресретнаа една од ракетите, додека друга падна во морето. 

Во првите недели од војната предизвикана од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, Израел нареди евакуација на цела северна Газа, вклучувајќи го и најголемиот град на територијата.

Повеќето жители ги послушаа наредбите и се упатија на југ, но околу 300.000 останаа на север, каде што израелските воздушни и копнени операции предизвикаа масовно уништување. Од октомври, северниот дел на Газа е опколен од израелски сили и во голема мера изолиран.

Околу 90 отсто од предвоеното население на Газа од 2,3 милиони беше раселено во 11-месечната војна, честопати повеќе пати. Стотици илјади луѓе се сместени во шаторски кампови долж брегот со малку или без јавни услуги и помош. ссм/

фото: архива

Остани поврзан