Руски авион Ан-2 се урна во Москва, загинаа двајца членови на екипажот
- Авионот бил на тренажен лет и припаѓал на аеро-клубот Ватулино.
Москва, 9 септември 2024 (МИА) - Руски авион Ан-2 денеска се урна во Московската област, при што загинаа двајца членови на екипажот, пренесуваат руските медиуми.
Авионот бил на тренажен лет и припаѓал на аеро-клубот Ватулино.
Засега нема информации за предизвикана штета на местото на несреќата. ссм/
фото: архива/илустрација