Сијарто: Влезот на Украина во НАТО би значел директен судир со Русија
- Според него, официјална Будимпешта од самиот почеток на конфликтот во Украина поставила црвени линии и се залага за избегнување на директен судир мешу НАТО и Русија.
Будимпешта, 14 октомври 2024 (МИА) - Унгарија не го разгледува прашањето за влез на Украина во НАТО бидејќи тоа би значело директен судир на Северноатлантската алијанса со Русија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Според него, официјална Будимпешта од самиот почеток на конфликтот во Украина поставила црвени линии и се залага за избегнување на директен судир мешу НАТО и Русија.
Шефот на унгарската дипломатија додаде дека повеќето негови колеги од сојузничките земји во јавни разговори не ја отфрлаат можноста за членство на Украина во НАТО, но во затворен круг на соговорници признаваат дека тоа е невозможно.
Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека можниот влез на Украина во НАТО претставува закана за безбедноста на Русија. ссм/
фото: архива