• сабота, 21 декември 2024

Синдикатот на Македонска пошта ќе информира за состојбата на претпријатието

Синдикатот на Македонска пошта ќе информира за состојбата на претпријатието

Скопје, 16 април 2024 (МИА) - Синдикатот на Македонска пошта денеска, ќе одржи прес-конференција пред објектот на Владата, на која ќе ја информира јавноста за состојбите во претпријатието.

- По одржаниот протест на 18 март годинава, Синдикатот на Македонска пошта, во насока на заштита на социјално економските права на работниците пред започнување на постапката за штрајк, побара итни средби со Управниот одбор и Владата, преку социјален дијалог да отпочнеме со процес на реорганизација и реформи за зачувување и стабилизација на претпријатието, односно прифаќање на барањата на вработените кои се од суштинско значење, велат од Синдикатот.

Но, како што посочуваат, Управниот одбор и Владата не се одзвале на барањето за итна средба.

- Со тоа покажаа крајна несериозност за надминување на состојбите во Пошта и целосен прекин на социјалниот дијалог. Поради новонастанатите состојби, очигледно е дека 2000 вработени се оставени сами на себе да се борат за спас на Пошта и зачувување на работните места и егзистенција, потенцираат од Синдикатот. ир/вг/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан