• среда, 15 мај 2024

Силен пожар во село Латово во Македонски Брод

Силен пожар во село Латово во Македонски Брод

Скопје, 8 септември 2023 (МИА) - Силен пожар изби денеска околу пладне на територијата на Општина Македонски Брод во атарот на село Латово, месност наречена „Лозје“, информираат од Центарот за управување со кризи.

- Над селото продолжува дабова и букова шума. За да се спречи ширење на пожарот во квалитетна шума како и да се превенира загрозување на с. Латово, на гаснењето на пожарот покрај локалните пожарникари како и пожарникари од Национални шуми, ќе се приклучат и еден ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување, како и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Тој потенцира дека ер-тракторот има исклучително дејство со кое е постигнат голем ефект во гаснењето на пожарот. ир/дма/

Фото: ЦУК

Остани поврзан