• понеделник, 25 ноември 2024

Се урна дел од автопат во јужна Кина, при што загинаа најмалку 19 лица, а 30 се повредени

Се урна дел од автопат во јужна Кина, при што загинаа најмалку 19 лица, а 30 се повредени

Пекинг, 1 мај 2024 (МИА) - Најмалку 19 лица загинаа денеска при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јави кинеската државна телевизија CTV.

Дел од патот долг 17,9 метри се урна околу два часот наутро, објавија властите во главниот град на Гуангдонг, Меижоу.

„Околу 11:45 часот по локално време, под урнатините (на патот) се пронајдени 18 автомобили. Властите потврдија 19 смртни случаи, а уште 30 лица се во болница, но нивните животи не се во опасност“, јави телевизијата.

Изминативе денови во областа врнеа обилни дождови. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан