• сабота, 16 ноември 2024

„Се случи еднаш во Женева“ гостува на сцената на штипскиот Народен Театар

„Се случи еднаш во Женева“ гостува на сцената на штипскиот Народен Театар

Штип, 15 ноември 2024 (МИА) - На сцената на Народниот Театар во Штип (НТШ) вечерва ќе гостува претставата „Се случи еднаш во Женева“. Станува збор за дуодрама, а режијата е на Кристијан Атансов, информираат преку писмено соопштение од НТШ.

Претставата „Се случи еднаш во Женева“ е правена според текстот „Прошетка низ Шумата“ од Ли Блесинг.

„Се случи еднаш во Женева“ е сведоштво на едно уникатно пријателство кое се раѓа непосредно пред крајот на Студената војна. Драмата е интерпретација на вистински настан од 1982 година, кога американски и советски дипломат во Женева ги занемариле протоколите за време на мировни договори и заминале на прошетка во шума на периферијата на градот. Во претставата присуствуваме на четири вакви приватни средби за време на првата година од преговорите откако Џоун Ханимен е испратена во Женева, додека се обидува да испреговара договор за кратења на нуклеарно оружје со нејзиниот постар соработник Андреј Ботвиник. Затекнати во различен момент од нивните животи и кариери, нивната конфронтација се сведува на искуството на Ботвиник и амбицијата на Ханимен, ве вели во соопштението од НТШ.

Во претставата улогите ги играат Јана Вељановска и Лазар Христов, идеја за сценографија е на Ненад Тонкин - Студио КР7, фото е на Ана Павловска. Гостувањето е поддржано од Министерството за култура и туризам.вдј/бт/

Фото: Народен Театар Штип

Остани поврзан