• среда, 27 ноември 2024

Се продава купето на Моамер Гадафи

Се продава купето на Моамер Гадафи
Амстердам, 3 февруари 2021 (МИА) - Еден од најретките автомобили во светот, купето „Мајбах ксенатек 57С крузеро“, направено по нарачка на либискиот лидер, покојниот полковник Моамер Гадафи, е понудено на продажба во Холандија. Возилото, коешто беше комплетирано дури по смртта на Гадафи, беше понудено на продажба од специјализираната автомобилска компанија за егзотични возила, „Лајтнер“. Овој автомобил е придвижуван од 6-литарски АМГ ве-12 турбо-мотор од 604 коњски сили, со петтостепен автоматски менувач, кој забрзува од 0 до 100 километри на час за 5 секунди. си/

Остани поврзан