• четврток, 18 јули 2024

Се одржа петтиот Меѓународен детски фолкорен фестивал "Паланачка тројка"

Се одржа петтиот Меѓународен детски фолкорен фестивал

Крива Паланка, 2 јули 2023 (МИА) - На сцената на Национална установа Центар за култура Крива Паланка синоќа продефилираа над двесте дечиња, играорци и играорки од земјава и соседството на 5-от Меѓународен детски фолкорен фестивал "Паланачка тројка".

Во двочасовната фестивалска програма пред преполната сала настапија најмладите членови на возраст до 12 години на четири културно- уметнички друштва: "Врело" од Бујановац, Република Србија, "Илинден" од Струга, "Ефрем Каранов" од Кратово и домаќините,КУД "8 Октомври", при НУЦК Крива Паланка.
Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, истакна дека петта година по ред, традицијата како национален белег, најмладите ја негуваат, почитуваат и презентираат низ ора, песни и танци, во ритамот на народното богатство сочувано од заборавот.

Фестивалот е дел од програмата на "Кривопаланечко културно лето", што се реализира во организација на Општина Крива Паланка, културните институции од градот, со поддршка од Министерството за култура на Северна Македонија. ид/сст/

Остани поврзан