• недела, 22 декември 2024

Се одржа манифестацијата „Вкусовите на Гази Баба“

Се одржа манифестацијата  „Вкусовите на Гази Баба“

Скопје, 6 октомври 2024 (МИА) - Манифестацијата „Вкусовите на Гази Баба“ се одржа синоќа на плоштадот во Автокоманда, во организација на Општина Гази Баба.

Како што информира Општина Гази Баба, во музичката програма која траеше повеќе од шест часа, настапија Хари Мата Хари и Амадеус бенд, ДНК, Таско, Огнен Здравковски, Бојана Скендеровски и Гоце Пејковски.

Манифестацијата ја отворил градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, кој истакнал дека ова е првпат на манифестација организирана од Општината покрај македонски да настапат и балкански музички ѕвезди. Најавил дека следната година овој настан ќе има уште поголеми димензии.

Од општината информираат дека на манифестацијата присуствувале повеќе од 15.000 граѓани од Гази Баба и од Скопје. мд/сст/

Фото: Општина Гази Баба

Остани поврзан