• среда, 06 ноември 2024

Серена се повлече од турнирот во Рим

Серена се повлече од турнирот во Рим
Рим, 12 септември 2020 (МИА) - Поранешната светска тенисерка број еден Серена Вилијамс ќе го пропушти турнирот од Премиер серијата во Рим следната недела. Причината за откажувањето на учеството на Американката е повреда на Ахиловата тетива. Серена има четири пати освоено трофеј во италијанската престолнина. Оваа недела Вилијамс, загуби од Викторија Азаренка во полуфиналето на УС Опен. зс/

Остани поврзан