• вторник, 09 јули 2024

Сензационалната Жирона на чело во Ла Лига

Сензационалната Жирона на чело во Ла Лига

Мадрид, 28 октомври 2023 (МИА) – Фудбалерите на Жирона го запоседнаа врвот на табелата во шпанското првенство, откако синоќа во рамки на воведниот натпревар од 11. коло во Ла Лига триумфираа на домашен терен над Селта со 1-0.

Јунак на натпреварот беше Јангел Херера кој донесе победа за домашниот тим со прецизен удар од работ на шеснаесетникот во судиското продолжение.

Жирона со оваа победа изби на чело на табелата со 28 бодови, три повеќе од Реал Мадрид и четири повеќе од Барселона.

Најблиските конкуренти на Жирона денеска ги очекува првото „Ел Класико“ во оваа сезона.

Натпреварот на „Ноу Камп“ е на програмата од 16:15 часот. ег/мс/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан