• сабота, 23 ноември 2024

Семејствата на заложниците ги поздравија информациите за нови разговори за Газа

Семејствата на заложниците ги поздравија информациите за нови разговори за Газа

Тел Авив, 24 октомври 2024 (МИА) – Форумот на семејствата на заложници го повтори својот повик до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да обезбеди ослободување на нивните најблиски кои ги држат терористите во Газа, кратко време откако тој објави дека израелска делегација в недела ќе отпатува во Доха за да се сретне со преговарачите на САД и Катар.

- Повеќе од една година, 101 заложник се држени во заробеништво од Хамас во Газа и сите моментално се под тежок физички и психички ризик. Како што наближуваме до речиси една година од последниот договор за ослободување на заложниците, освен три спасувачки операции, примивме само заложници во вреќи со тела. Договор преку преговори е единствениот начин да се вратат сите заложници дома, се вели во соопштението на Форумот.

- Мораме да ги искористиме последните воени достигнувања, особено елиминацијата на (лидерот на Хамас, Јахја) Синвар, за да обезбедиме единствен сеопфатен договор за враќање на сите заложници, се додава во соопштението.

Семејствата го повикаа Нетанјаху „да му даде целосна овластување на преговарачкиот тим да го обезбеди овој договор“, истакнувајќи дека претпочитаат заложниците да бидат ослободени „во една фаза“. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан