• вторник, 14 мај 2024

Селекторот Ѓоровиќ повика 24 кошаркарки за февруарските евроквалификации

Селекторот Ѓоровиќ повика 24 кошаркарки за февруарските евроквалификации
Скопје, 11 јануари 2021 (МИА) – Селекторот на македонската женска кошаркарска репрезентација Владимир Ѓоровиќ денеска го објави поширокиот список од 24 кошаркарки, кои ќе бидат вклучени во подготовките за двата завршни натпревари, идниот месец, во квалификациите за Европското првенство. Избраничките на Ѓоровиќ ќе го завршат тековниот евроквалификациски циклус со две гостувања во Рига, против домаќинот Летонија, на 4 февруари, и против Хрватска, два дена подоцна, Репрезентативките ќе ја темпираат формата за завршниот „ФИБА евроквалификациски прозорец“ на еднонеделни подготовки во Охрид, а на списокот се повикани вкупно 24 кошаркарки: Стојановска Александра, Трајчевска Нена. Кметовска Ивана (Баскет КАМ). Јоловиќ Драгана (Бадел 1862), Стојановска Тања (Струга 2009), Петрушевска Јована (Вардар), Серафимоска Снежана (Дукуесне-НЦАА-САД), Поп Димитровска Катерина (Баскет КАМ),. Бонер Девана (Конектикат-САД), Кожобашиовска Ивона (Алгеро МБ-Италија),.Николиќ Матеа, Лазареска Сандра (Бадел 1862), Секуловска Наталија (Ј.Аддисон-Канада), Костова Стефани (Кампус Промете-Шпанија), Атанасовска Матеа (Палаванестро В-Италија), Димитријевиќ Марија (Бадел 1862), Тасевска Елена (Палаванестро В-Италија), Митрашиновиќ Анџелика (Будуќност – Црна Гора).ег/бт/

Остани поврзан