Села уверен дека Владата ќе падне
- Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села пред почетокот на денешната собраниска седница на чиј дневен ред е Иницијативата на опозицијата за изгласување недоверба на владиниот Кабинет,
Скопје, 11 ноември 2021 (МИА) - Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села пред почетокот на денешната собраниска седница на чиј дневен ред е Иницијативата на опозицијата за изгласување недоверба на владиниот Кабинет, изрази оптимизам дека „ќе падне Владата“.
- Граѓаните ќе бидат послободни од притисоците на оваа антидемократска и антиграѓанска власт, изјави Села.
Во Собранието за денеска во 11 часот е закажана седницата на која ќе се гласа за доверба на Владата на премиерот Зоран Заев. сп/ац/