• понеделник, 23 декември 2024

Исклучени два далекуводи во неготинско од безбедносни причини, нема прекини во снабдувањето со електрична енергија

Исклучени два далекуводи во неготинско од безбедносни причини, нема прекини во снабдувањето со електрична енергија

Скопје, 14 јули 2024 (МИА) - Двата далекуводи на потегот од Пепелиште кон село Лакавица се исклучени од безбедносни причини со цел да се овозможат безбедни услови за интервенција од воздух и копно во гаснењето на пожарот. Исклучувањето нема никакви последици во тековното снабдување со електрична енергија, информираа попладнево од АД МЕПСО. 

- Дежурните далекуводни екипи на АД МЕПСО, во текот на изминатата ноќ и во раните утрински часови работат на терен и ја следат ситуацијата со огнената стихија која го зафати потегот од Пепелиште кон село Лакавица, каде што транзитираат 400kV далекувод ТС Дуброво - ТС Штип 1 и 110kV далекувод ТС Дуброво - ТС Бучим. Во координација со тимовите кои учествуваат во гаснењето на огнената стихија, двата далекуводи се исклучени од безбедносни причини, а се со цел овозможување на безбедни услови за интервенции како од воздух, така и од копно. Исклучувањето на далекуводите не предизвикува никакви последици во тековното снабдување со електрична енергија, се наведува во информацијата од АД МЕПСО. 

Оттаму посочуваат дека согласно одлуката и препораките на Владата за кризна состојба, екипите на АД МЕПСО, ќе ги насочат своите тековни теренски активности кон превентивно и активно учество во следење на состојбите со пожарите во близина на далекуводните траси. бак/

Фото: МЕПСО

Остани поврзан